Ромски Превод од Библијата

За преводот

ВОВЕД

Оваа страница е почетна страница на тековниот проект за преведување на Библијата на ромски јазик што се зборува во Северна Македонија. Ромскиот јазик го зборуваат Ромите, кои имаат потекло од Индија, но сега ги има насекаде низ светот. Јазикот значително се разликува од земја до земја, поради фактот што постојат неколку различни дијалекти и тоа што голем дел од ромскиот вокабулар е позајмен од јазикот на земјата во која живеат. Иако веќе постојат завршени преводи на Библијата и преводи кои што се во тек на голем број различни ромски дијалекти, чувствуваме дека има голема потреба и од превод на арлискиот дијалект на ромскиот јазик во Северна Македонија.

ЈАЗИКОТ

Арлискиот дијалект на ромскиот јазик е најистакнатиот дијалект што се зборува во Шутка, најголемата ромска заедница во светот (се наоѓа во периферијата на Скопје), а се разбира и во другите ромски подрачја низ Северна Македонија. Јазикот е првенствено устен и нема стандардизиран систем за пишување.

ПРЕВОДОТ

Ја започнавме нашата преведувачка работа во 2020 година и во моментов работиме на преводот на Новиот завет. Користејќи го како модел преводот на Библијата на Константинов на македонски јазик, преведуваме на ромски, повикувајќи се на оригиналниот грчки, како и на македонскиот православен превод од 2006 година, на српскиот превод и на неколку преводи од англискиот јазик. Целта е да има рамнотежа помеѓу задржувањето на значењето и формулацијата на оригиналниот грчки јазик и изразувањето на тоа значење на јасен ромски, како што всушност го зборуваат и го разбираат Ромите од Северна Македонија. Оваа задача, се разбира, бара многу молитва, време, комуникација меѓу преведувачите, истражување, внимание на деталите и проверка и повторно проверување. Откако ќе се финализира преводот на одредено поглавје, се снима аудио верзија. До аудио верзијата може да се пристапи на оваа страница или на YouTube. На оваа страница, корисниците можат да ја слушаат аудио верзијата и истовремено да ја читаат текстуалната верзија доколку сакаат.